Свет

Зацврстување на стабилноста во Сирија

Египетскиот министер за надворешни работи, Бадр Абделати, ја истакна потребата од активност на регионални и меѓународни инстанции за спречување на претворањето на Сирија во засолниште за терористички групи кои можат да предизвикаат нестабилност во регионот.

Тоа беше истакнато на состанокот за иднината на Сирија, одржан во Ријад, Саудиска Арабија.

Во настанот учествуваа делегати од арапските земји, како и претставници од Европската унија, Обединетите нации и Турција. Абделати истакна дека за поддршка на стабилноста во регионот, е потребна широка регионална и меѓународна соработка за спречување на нестабилноста и заштита од потенцијалните претпоставки за тероризам.

Министерот настојуваше за почеток на инклузивен политички процес во Сирија, кој би ги вклучил сите сегменти на општеството и ги зачитал верските и етничките разлики. Исто така, тој нагласи дека различните политички групи треба да имаат можност да управуваат во преодниот период, според Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН. Од суштинско значење е да се одржи единството, стабилноста, безбедноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, како и да се обезбеди поддршка за нивните институции.

Абделати осуди нарушувањето на договорот од 1974 година од страна на Израел во тампон зоната на Голанските висорамнини и ги побара израелските сили да се повлечат и да го почитуваат договорот.

Европските лидери се собраа во Лондон за зајакнување на поддршката за Украина

B. M.

Руте: Зеленски мора да ги поправи односите со Трамп

B. M.

Напната средба во Белата куќа: Трамп го испрати Зеленски без договор

B. M.

Тензична средба во Белата куќа: Трамп и Ванс во судир со Зеленски за Украина

B. M.

Трамп: Украина не може да влезе во НАТО, Европа да ѝ гарантира безбедност

B. M.

Подготовки во тек за средба меѓу Трамп и Путин

E K