Свет

ТикТок повторно достапен во САД откако Трамп најави одложување на забраната

Популарната апликација за кратки видео записи ТикТок, откако беше исклучена неколку часа, сега повторно е достапна за корисниците во САД, откако новиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе потпише извршна наредба за одложување на забраната за оваа апликација.

Трамп ја објави оваа вест на платформата Truth Social, откако многу корисници на ТикТок се разбудија и открија дека не можат да пристапат до апликацијата.

Гугл и Апл ја отстранија апликацијата од нивните онлајн продавници во согласност со федералната регулатива што наредуваше истото.

Во понеделник ќе издадам извршна наредба со која ќе го продолжам рокот пред да стапи на сила забраната, за да се постигне договор за заштита на националната безбедност”, напиша Трамп.

Претседателот има право да го одложи спроведувањето на забраната додека е во тек процесот на продажба на компанијата. Иако има неколку понуди од инвеститори, ТикТок објави дека нема намера да ја продаде компанијата.

Денеска апликацијата го блокираше пристапот за корисниците во САД, бидејќи требаше да се спроведе новиот закон во САД кој наредува ТикТок или да биде продадена од нејзините кинески сопственици, Bytedance, или да биде забранета.

Европските лидери се собраа во Лондон за зајакнување на поддршката за Украина

B. M.

Руте: Зеленски мора да ги поправи односите со Трамп

B. M.

Напната средба во Белата куќа: Трамп го испрати Зеленски без договор

B. M.

Тензична средба во Белата куќа: Трамп и Ванс во судир со Зеленски за Украина

B. M.

Трамп: Украина не може да влезе во НАТО, Европа да ѝ гарантира безбедност

B. M.

Подготовки во тек за средба меѓу Трамп и Путин

E K