Пред да го преземе својот претседателски мандат, новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, одржа голем митинг во Вашингтон.
Преку 100.000 граѓани, исполнети со ентузијазам, стоеја во редови пред „Капитол Уан Арена” за да го поддржат новиот лидер.
Луѓето чекаа со нетрпение, иако времето беше студено и дождливо. Облечени топло, со шалови и капи, стоеја весело подготвени да влезат на митингот. Некои дојдоа уште од синоќа за да бидат први во редот, изразувајќи своја поддршка кон Трамп.
Граѓаните истакнаа дека дождот и студенилото не им пречат. Со голема одлучност изјавија дека ништо нема да ги спречи да го поздрават својот претседател. На митингот, освен Трамп, се најавија и други познати личности како Илон Маск, Кид Рок, Били Реј Сајрус и The Village People.
Собирањето на илјадници Трампови поддржувачи беше впечатливо, пренесувајќи го ентузијазмот и енергијата на новиот претседател.