Фудбал

Баерн со тесна победа во Глазгов, Феенорд го урна Милан

Во првата нокаут средба во Лигата на шампионите по 12 години, шкотскиот гигант експлодираше со брз погодок на Николас Кун, кој со лева нога ја затресе мрежата на Мануел Нојер. Но, радоста кратко траеше – судијата го поништи голот поради офсајд, а Баерн Минхен полека почна да ја презема контролата врз натпреварот.

Германскиот шампион не доминираше вообичаено, но чекор по чекор ја пронајде својата игра. Мајкл Олисе ја отвори одбраната на Селтик во самиот финиш на првото полувреме, совршено отсечен на десната страна, каде што со силен удар со лева нога го совлада Каспер Шмајхел. Предноста на Баерн се удвои веднаш на стартот на второто полувреме – Хари Кејн, оставен сам во шестнаесетникот, беспрекорно ја заврши акцијата за својот 29. гол оваа сезона.

Селтик не се предаваше – Дајзен Маеда со гол во 80-тата минута даде надеж дека чудо е возможно. Алестер Џонстон го натера Нојер на фантастична одбрана, но Баерн издржа и си замина од Глазгов со минимална победа од 2-1. Сега, Селтик е пред невозможна мисија во Минхен.

Феенорд го изненади Милан: Падот на „росонерите“ продолжува

Феенорд ја искористи предноста на домашниот терен и минимално го совлада Милан со 1-0 во првиот плеј-оф натпревар од Лигата на шампионите. Клучниот момент се случи во четвртата минута кога Игор Паишон упати наизглед безопасен удар, но голманот Мањан катастрофално реагираше и дозволи топката да заврши во мрежата.

„Росонерите“ се обидоа да се вратат во игра, но тимот на Феенорд умешно го контролираше темпото. Рафаел Леао и Џоао Феликс имаа свои моменти, но ниту една од нивните шанси не беше доволно квалитетна за израмнување. На крајот, Милан остана без победа, што дополнително го зголемува бројот на гостински мечеви(12) без триумф во нокаут-фазата на ЛШ. Сега, на Сан Сиро ќе мора да одиграат многу понкретно за да обезбедат четвртфинале.

Бенфика славеше во Монте Карло, Монако пред тежок предизвик

Бенфика обезбеди значајна победа од 1-0 против Монако во првиот меч од нокаут-плејофот на Лигата на шампионите, благодарение на Вангелис Павлидис, кој со лоб удар во 48. минута го најде патот до мрежата. Монако не само што не успеа да одговори, туку остана и со играч помалку поради двојниот жолт картон на Ал-Мусрати.

Иако Бенфика имаше неколку можности да ја удвои предноста, конечниот резултат остана минимален. Сега, португалскиот гигант со предност ќе го дочека реваншот на „Да Луш“, додека Монако ќе мора да одигра натпревар од соништата за да се пласира во следната фаза.

Клуб Бриж во последен момент ја шокираше Аталанта

Клуб Бриж направи мало чудо против фаворизираната Аталанта со драматична победа од 2-1, благодарение на пенал во судиското продолжение. Натпреварот почна со рана доминација на белгискиот тим, кој преку Феран Жутгла поведе уште во првото полувреме. Аталанта израмни во финишот преку Лукман, но последниот збор го имаше Нилсон, кој во 94. минута со ладнокрвен пенал донесе голема победа за Клуб Бриж.

Со овој резултат, белгискиот состав има сериозна шанса да приреди уште едно изненадување во реваншот во Бергамо. Аталанта, пак, ќе мора да покаже далеку подобра игра ако сака да избегне рана елиминација од ЛШ.

Атлетико и Барселона во епска голеада – драма што го остава реваншот отворен

B. M.

Ливерпул со голема победа против Манчестер Сити – ја зголеми предноста на 11 поени пред Арсенал

B. M.

Ливерпул против ПСЖ и мадридско дерби: Ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите носи спектакл

B. M.

Мбапе со хет-трик го урна Манчестер Сити и го одведе Реал во осминафинале

B. M.

Баерн со гол во последната минута патува во осминафинале, Феенорд го шокираше Милан

B. M.

Лига на Шампиони: Јувентус, ПСЖ и Борусија Дортмунд со значајни победи во првите натпревари од плејофот

B. M.