ПолитикаСвет

Депортација на 341 Македонци од САД

Според најновите имиграциски политики на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, 341 граѓанин на Македонија се наоѓаат на списокот за депортација од Соединетите Американски Држави.

Овој список беше објавен од страна на организацијата „НЕКСТА“ и вклучува вкупно 1.445.549 имигранти, за кои се очекува да бидат вратени во нивните земји на потекло.

Овој чекор е дел од построгиот пристап на Трамп кон имиграцијата, при што продолжува со апсења и депортации на имигранти без важечки документи, иако активистите за човекови права упатуваат жестоки критики.

Паралелно со тоа, Конгресот на САД го прифати построгиот закон за миграција, според кој имигрантите без правен статус ќе бидат задржувани во имиграциски центри, дури и за помали прекршоци, како кражба во продавница.

Новата политика се фокусира на апсење на имигранти со претходна криминална историја. Само во првата недела од вториот мандат на Трамп, речиси 2.400 мигранти беа уапсени, а Имиграциската и царинска агенција на САД (ИЦЕ) објави нови статистики за странци вклучени во криминални активности.

Европските лидери се собраа во Лондон за зајакнување на поддршката за Украина

B. M.

Руте: Зеленски мора да ги поправи односите со Трамп

B. M.

Напната средба во Белата куќа: Трамп го испрати Зеленски без договор

B. M.

Тензична средба во Белата куќа: Трамп и Ванс во судир со Зеленски за Украина

B. M.

СДСМ бара оставка од Кочоска, министерката одбива да се повлече

B. M.

Трамп до Стармер: Европа треба да преземе поголема одговорност за Украина

B. M.