СпортФудбал

Епска ноќ во Лигата на шампионите, преполна со голови: Барселона и Атлетико со драматичен крај!

Фудбалската вечер од Лигата на шампионите донесе вистински фудбалски спектакл со голови, пресврти и непредвидливи завршници. Најголемото внимание беше насочено кон Барселона и Атлетико Мадрид, кои блеснаа во незаборавни дуели, додека останатите натпревари понудија многу возбуда и извонредни моменти.

Бенфика 4-5 Барселона – Фудбалска симфонија во Лисабон

Најдраматичниот натпревар се одигра во Лисабон, каде Барселона оствари неверојатен камбек против Бенфика. Иако каталонците се соочија со заостанување од 3-1, со маестралната игра на Левандовски и Рафиња, успеаја да постигнат пет гола и да ја освојат победата во неверојатен дуел полн со пресврти.

Атлетико Мадрид 2-1 Баер Леверкузен – Спас во последен миг

Во Мадрид, Атлетико покажа карактер и херојство, и покрај црвениот картон. Баер Леверкузен поведе со голот на Хинкапе, но момците на Диего Симеоне, предводени од Алварез, со два гола во завршницата ја извојуваа победата и ги потврдија лидерските амбиции.

Останатите натпревари – Возбудливи дуели низ Европа

  • Аталанта 5-0 Штурм Грац: Аталанта доминираше и покажа дека е еден од најефикасните тимови во лигата.
  • Монако 1-0 Астон Вила: Францускиот тим со минимална победа ги обезбеди трите бодови.
  • Болоња 2-1 Борусија Дортмунд: Болоња изненади со тактичка супериорност и голема борбеност.
  • Ливерпул 2-1 Лил: Тимот на Арне слот продолжува да импресионира, со Салах и Елиот како клучни фигури во победата ја зациментираа лидерската позиција.
  • Клуб Бриж 0-0 Јувентус: Двата тима одиграа тактичка борба без победник.
  • Црвена Ѕвезда 2-3 ПСВ: Во еден од најинтересните дуели, ПСВ славеше благодарение на неверојатниот погодок на Лук де Јонг.
  • Слован Братислава 1-3 Штутгарт: Германскиот тим ја потврди својата класа со убедлива победа.

Атлетико и Барселона во епска голеада – драма што го остава реваншот отворен

B. M.

Ливерпул со голема победа против Манчестер Сити – ја зголеми предноста на 11 поени пред Арсенал

B. M.

Ливерпул против ПСЖ и мадридско дерби: Ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите носи спектакл

B. M.

Мбапе со хет-трик го урна Манчестер Сити и го одведе Реал во осминафинале

B. M.

Баерн со гол во последната минута патува во осминафинале, Феенорд го шокираше Милан

B. M.

Баерн со тесна победа во Глазгов, Феенорд го урна Милан

B. M.