Македонија

Грабнувањето на Вања Ѓорчевска

Видеа од движењето на автомобилот “Ситроен” на 27 ноември 2023 година, кога Вања Ѓорчевска беше грабната и убиена, беа прикажани пред судот денес.

Според обвинителката, во 6:28 часот на 27 ноември 2023 година, “Ситроенот” се движел по улиците на Чаир. Потоа продолжил кон центарот на градот, низ булеварот “Христијан Тодоровски Карпош”, каде што во автомобилот биле видени три лица.

Во 6:32 часот, автомобилот бил забележан близу до “Трговскиот центар Мавровка”, а потоа продолжил кон мостот “Гоце Делчев”. На раскрсницата кај Владата, возилото станало на семафор во 6:33 часот, а потоа продолжило кон булеварот “Климент Охридски” и свртело на улица “Орце Николов”. Во 6:36 часот, “Ситроенот” бил снимен на паркингот кај хотелот “Парк”, каде што застанал кратко, а потоа продолжил кон зградата на Вања Ѓорчевска на улица “Наум Наумовски Борче”, каде што пристигнал во 6:37 часот.

Судењето е уште во тек. На првото рочиште, обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, се изјасниле дека не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, обвинетите заедно го планирале грабнувањето на 14-годишната Вања за да присилат член од нејзиното семејство да плати откуп. Грабнувањето на Панче Жежовски во Велес имало за цел да го принуди да им го предаде автомобилот “Ситроен”, за да го користат при грабнувањето на Вања во Скопје.

Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Велес, кои биле пријавени за исчезнување на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви на 3 декември 2023 година, во близина на Скопје и Велес.

СДСМ бара оставка од Кочоска, министерката одбива да се повлече

B. M.

Казната за насилството врз кучето Феликс треба да биде затворска

E K

Мицкоски: Македонија Целосно Усогласена со Надворешната Политика на ЕУ

B. M.

Политичка Препирка Околу Меџити: СДСМ со Обвинувања, Владата со Негирање

B. M.

Рекордна акција за донирање крв во Хотел „Фламинго”

A3 Редакција

Нов закон за поголема транспарентност на цените во трговијата

E K