Македонија

Граѓански протест утре во 13 часот кај Силбо во знак на починатата Фросина

Јавноста е во шок и неверување по трагичниот настан кој се случи вчера на 29.1.2025 година на булеварот Партизански Одреди, околу 23:45 минути возило Пежо 207 ја удрило 22 годишната Фросина и таа починала на лице место од силината на ударот.

Граѓаните го изразуваат својот револт на социјалните мрежи и решија утре во 13:00 часот да го блокираат булеварот токму на местото каде беше прегазена Фросина.

Од обвинителството излегоа со изјава:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 20-годишник, на 29 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал патничко возило „Пежо 207“ сопственсот на неговиот татко по десната сообраќајна лента од бул.„Партизански Одреди“.

Меѓутоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Автомобилот го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, со што го довел во опасност животот на луѓето. Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со ул.„29-ти Ноември“, не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот и сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка.

Пред пешачкиот премин регулиран со семафори кои за време на незгодата работеле исправно, продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот и со предниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот-жртва Фросина Кулакова, која на обележан пешачки премин попречно ја преминувала коловозната лента. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди од кои на лице место починала.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

СДСМ бара оставка од Кочоска, министерката одбива да се повлече

B. M.

Казната за насилството врз кучето Феликс треба да биде затворска

E K

Мицкоски: Македонија Целосно Усогласена со Надворешната Политика на ЕУ

B. M.

Политичка Препирка Околу Меџити: СДСМ со Обвинувања, Владата со Негирање

B. M.

Рекордна акција за донирање крв во Хотел „Фламинго”

A3 Редакција

Нов закон за поголема транспарентност на цените во трговијата

E K