Пред неколку дена во Центар, четири малолетнички од истата средина, ја нападнале физички својата врсничка и го снимиле инцидентот со мобилен телефон.
Видеото потоа беше споделено на различни социјални мрежи.
Според пријавата на Н.Б.(42) од Скопје, на 24.01.2025 година, во време од 21:00 до 22:20 часот, неговата малолетна ќерка била нападната двапати во Центар од четири малолетнички кои ги познавала. Целиот инцидент бил снимен и објавен на социјалните мрежи.
Случајот е документиран и ќе биде пријавен до надлежните органи. Такво насилство меѓу малолетници е неприфатливо и ќе биде строго казнето.