Денеска голем дел од граѓаните одлучија да ги бојкотираат маркетите поради високите цени на продуктите. Празни маркети со намалена активност, во период од денот кога вообичаено се полни со купувачи и со огромни редици пред наплатните каси.
Бојкотот во Македонија започна со иницијатива на социјалните мрежи, а веќе неколку дена се одвива во соседните држави, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Од утре почнува бојкотот на ланецот маркети „Веро“ една недела. Потоа со бојот ќе се продолжи и со другите ланци на маркети, најавуваат граѓаните на социјалните мрежи.