Премиерот Христијан Мицкоски на Атлантскиот совет во Вашингтон изјави дека Северна Македонија ќе ги продлабочи стратешките односи со САД. Тој нагласи дека Владата ќе работи на зајакнување на соработката во одбраната, економијата и енергетиката.
Во однос на односите со Грција и Бугарија, Мицкоски истакна дека Владата останува посветена на дијалогот и почитувањето на националните интереси. Тој додаде дека Скопје ќе продолжи да ги почитува меѓународните договори, но нема да прифати дополнителни услови кои би биле на штета на македонскиот идентитет.
Мицкоски, исто така, подвлече дека Македонија ќе остане сигурен партнер во НАТО и ќе продолжи да ја поддржува евроатлантската агенда, со фокус на стабилноста и безбедноста во регионот.