Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека гласањето за резолуцијата во Обединетите нации било направено во координација со Соединетите Американски Држави. Тој нагласи дека во услови кога Европската унија нема заеднички став, било логично Македонија да ја поддржи американската иницијатива.
Мицкоски истакна дека сите политичари кои во следниот период ќе го посетат Вашингтон ќе ја поддржат истата позиција, прашувајќи дали СДСМ како партија ќе се извини за критиките.
Дополнително, тој го предвиде завршетокот на војната во Украина, нагласувајќи дека доколку неговата проценка не се покаже точна, ќе се извини за изјавата.