Црна Хроника

Нов случај на прегазен пешак во Скопје – возачот избегал додека траеше протестот за Фросина

Во Скопје повторно се случи сообраќајна несреќа во која беше прегазен пешак, а возачот побегна од местото на настанот. Инцидентот се случи напладне, додека во градот се одржуваше протест во знак на револт за трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова, која исто така беше прегазена од несовесен возач.

Според првичните информации, пешакот бил удрен на обележан пешачки премин, но наместо да му биде укажана помош, возачот избегал од местото. Итната медицинска помош веднаш интервенирала и повредениот бил пренесен во болница, но засега нема официјални информации за сериозноста на неговите повреди.

Граѓаните се шокирани од новата несреќа и прашуваат до кога ќе трае дивеењето на улиците во Скопје. Несовесното возење и неказнивоста на ваквите случаи создаваат атмосфера на несигурност, а барањата за одговорност и построги мерки стануваат сè погласни.

Загрижувачки е фактот што втор инцидент од ваков вид се случува токму во време кога јавноста протестира против несовесноста во сообраќајот и бара правда за младите жртви. Ова ја засилува перцепцијата дека улиците на главниот град стануваат опасни по живот, а надлежните институции не преземаат доволно за да ги спречат ваквите трагедии.

Се очекува полицијата да спроведе детална истрага за овој последен инцидент, а јавноста будно го следи развојот на ситуацијата, надевајќи се дека ќе има брза реакција и санкции за одговорните.

Почина Игор Југ, еден од осудените за настаните од 27 април во Собранието

B. M.

Масовен протестен марш „Правда за Фросина“ низ улиците на Скопје

B. M.

Трагедијата што го потресе Скопје: Барања за правда по смртта на Фросина Кулакова

B. M.

Трагедија во Скопје: Животот на 22-годишна дизајнерка згасна на Партизанска

B. M.