Обвинителството презентираше докази во случајот на киднапирањето и убиството на Вања, при што тврди дека на снимките од безбедносните камери се гледа како обвинетиот Палевски управува со возилото „Рено Кангу“ на денот на настанот. Според обвинителството, совозач во возилото бил Велибор Манев.
Снимките покажуваат дека обвинетите пристигнале со „Ситроен“ пред зградата каде што живеела Вања и ја чекале околу еден час пред да ја грабнат. Потоа, со „Рено Кангу“, управувано од Палевски, се упатиле кон Визбегово.
Одбраната ги оспорува овие тврдења, наведувајќи дека обвинението е аматерски изработено и дека не може со сигурност да се утврди идентитетот на лицата на снимките.
Дополнително, беа презентирани фотографии од местото каде што беше пронајдено телото на Панче Жежовски, завиткано во црни вреќи и закопано во дупка длабока два метри во близина на Велес.
Судењето продолжува во петок, кога ќе сведочи Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на Вања обезбедувал снимки и прв ги поврзал двете убиства.