Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек изјави дека Европската унија треба да биде спремна за соработка со Доналд Трамп, но истовремено да се подготви за можноста на трговска војна која беше најавена од страна на американскиот претседател.
Хабек истакна дека треба да постои отвореност кон администрацијата на Трамп, но и да се одбрани соодветно во случај на притисоци од нивна страна.
Според него, важно е Европа да биде подготвена за евентуална трговска борба и да знае како да реагира во случај на воведување на царини од страна на Соединетите Американски Држави.
Трамп повторно ги најави мерките за воведување на царини за повеќе земји во своето инаугурациско обраќање, со цел да го стимулира домашниот пазар и економијата.