На денот кога граѓаните планираат да ги бојкотираат маркетите, големиот македонски ланец на маркети одлучи да започне со голема акција на попусти на основните производи. Тие на фејсбук страницата објавија известување:
Маркетот Тинекс објави дека ќе ја спроведе кампањата „Твој избор, твоја заштеда”, која ќе започне на 31 јануари и ќе трае до февруари. Во рамките на оваа кампања, Тинекс ќе обезбеди попусти на голем број производи од основната потрошувачка, кои се есенцијални за домаќинствата.
Овие попусти објавени се толкму кога граѓаните организирани преку социјалните мрежи за утре најавуваат бојкот на сите продавници како знак на револт поради превисоките цени.
Инаку, македонските маркети во 2023 година инкасирале нешто под 40 милиони евра чист профит. За 2024 сумата се очекува да биде и поголема..