Инцидент во Нови Сад ја вознемири јавноста кога постар маж им се закани со нож на студенти кои протестираа пред Медицинскиот факултет. Мажот пристапил до група студенти на блокадата и замавнал со нож кон еден од редарите
Novi Sad kod medicinskog fakulteta pic.twitter.com/h9ls9tnqSO
— ♥️ Pure love ♥️ (@purelovealwayss) January 17, 2025
По кратко време, студентите успеале да го совладаат напаѓачот и да му го одземат ножот. Овој настан е дел од серијата инциденти поврзани со студентските протести во Србија. Студентите протестираат против властите и бараат подобрување на условите во образованието, како и поголема транспарентност во истрагата за несреќата во Нови Сад од минатата година.