Артан Груби, доцент на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово, одделение за новинарство, го загуби работното место по повеќедневно неосновано одсуство од работа, пренесе Алсат.
Според Сафет Емрули, декан на Правниот факултет, Груби не се појавил на работа во изминатата недела, што значи дека не ги исполнил своите законски обврски согласно Законот за работни односи и Законот за високо образование.
„Инициравме законска постапка за примена на соодветни мерки против него,” изјави Емрули, „и ќе ве известиме за конечната одлука што ќе ја донесе универзитетот.”
Сахит Зилбехари, адвокат, објасни дека според Законот за работни односи, работниот ангажман може да се прекине доколку има тужба против вработениот. Тој истакна дека прекинот треба да биде привремен, сè до донесувањето на конечна судска одлука, и дека работникот може да оди и на неосновано одсуство.