Расте бројот на жртви во пожарот во Турција. Најмалку 76 лица загинаа во турскиот ски-центар Картал-каја, соопшти турскиот министер за внатрешни работи.
Првичните истраги укажуваат дека пожарот избувнал на четвртиот кат околу 3 часот и 30 минути, а неговото брзо ширење било предизвикано од дрвените облоги кои биле поставени за да му дадат естетски изглед на хотелот.
Турското Министерство за внатрешни работи потврди дека девет лица се приведени, меѓу кои се сопственикот, менаџери на хотелот и други одговорни лица. Преживеаните сведочат за сериозни безбедносни пропусти, вклучувајќи нефункционални аларми и недостаток на противпожарни скалила. Локацијата на хотелот на рид дополнително го отежнала пристапот на противпожарните служби.
Специјално владино тело забрани емитување на сите видео снимки од несреќата во домашните медиуми. Претседател Реџеп Таип Ердоган го прогласи утрешниот ден за Ден на жалост во земјата.