Македонија

Рекордна акција за донирање крв во Хотел „Фламинго”

Во Хотел „Фламинго” во Гевгелија, Општинската организација на Црвен крст и хотелот успешно остварија уште една акција за донирање крв, што оваа година имаше неверојатен одзив.

Вкупно 91 лице, вклучувајќи 70 вработени во хотелот, покажаа својата солидарност и хуманост, дарувајќи дел од себе за да ги спасат животите.

Акцијата се одржа во просториите на Хотел „Фламинго” во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на Република Северна Македонија. Ова е петтата крводарителска кампања организирана на ова место, која постигна рекорден број на учесници до сега.

„Сме горди што сме дел од оваа хумана акција и што можеме да вратиме во заедницата во која функционираме. Како компанија со општествена одговорност, и во иднина ќе продолжиме да ги поддржуваме оваквите донаторски и хуманитарни активности”, истакна Елена Минева од Хотел „Фламинго”.

Од Општинската организација на Црвен крст Гевгелија изразија длабока благодарност кон сите учесници, кои со нивниот придонес овозможија обезбедување на доволни резерви на крв за оние кои најмногу го потребуваат. „Оваа успешна соработка со Хотел „Фламинго” ќе продолжи и во иднина, со заедничка цел – поддршка на здравствениот систем и надградба на крводарителската култура во нашето општество”, додадоа од Црвен крст.

Оваа акција за донирање крв уште еднаш го потврди посветувањето на Хотел „Фламинго” кон изградбата на почовечно и посолидарно општество преку реализација на такви хумани иницијативи.

СДСМ бара оставка од Кочоска, министерката одбива да се повлече

B. M.

Казната за насилството врз кучето Феликс треба да биде затворска

E K

Мицкоски: Македонија Целосно Усогласена со Надворешната Политика на ЕУ

B. M.

Политичка Препирка Околу Меџити: СДСМ со Обвинувања, Владата со Негирање

B. M.

Нов закон за поголема транспарентност на цените во трговијата

E K

Обвинителството без дилеми: Снимките ги потврдуваат осомничените

B. M.