Култура

Румена Бужаровска објави нова книга во Франција

Издавачката куќа “Галимар” во Франција денеска го претстави своето ново издание на збирката раскази “Не одам никаде” (Je ne bouge pas d’ici) од македонската писателка и универзитетска професорка Румена Бужаровска, преведена од Марија Бежановска.

Ова е втората книга на Бужаровска објавена кај ова престижно француско издавачство, по нејзиниот роман “Мојот маж” кој беше претходно издаден.

Издавачката куќа “Галимар” е една од највлијателните издавачки куќи во дваесеттиот век, која го објави делото на познати автори како Марсел Пруст, Жан Пол Сартр и Албер Ками. Со издавањето на книги од добитници на Нобеловата награда за книжевност и современи писатели, “Галимар” продолжува да ги запознава француските читатели со различни литературни дела.

По успешното издавање во САД, Турција, Унгарија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Франција, збирката “Не одам никаде” наскоро ќе биде преведена и на шпански јазик во издание на “Импедимента”. Исто така, романот “Мојот маж” на Румена Бужаровска ќе биде достапен и за читателите во Бразил, во издание на “Тодавиа”.

Македонските читатели веќе имаат можност да уживаат во второто издание на нејзиниот прв роман, “Тони”, чија карикатуралност ќе ги насмее и натера на размислање за личната одговорност, тема која е многу актуелна денес.

Интервју со Ирина Тошева: Во затворот Идризово ќе ги научам затвореничките да креираат текстилни производи

E K

Тамара Ристоска од Македонија ја освојува меѓународната сцена

A3 Редакција

Почина Дејвид Линч, визионерски режисер и создател на “Твин Пикс”

E K

Мистер Бин на 70 години се разведе од сопругата, си најде љубовница 26 години помлада од него

Arbana Qerimi

Министерството за култура најавува филмска трилогија за Тоше Проески

E K

Почина познатиот македонски писател

A3 Редакција