МакедонијаПолитика

СДСМ: За починатото бебе мора да има одговорност, катастрофата во здравството не може се крие

Од Партијата СДСМ денеска излегоа со реакција по вчерашната вест дека не е пронајдена лекарска вина поради смртта на седум месечното бебе во Детската Клиника, Скопје.

Подолу во целост го пренесуваме нивното соопштение за јавноста:

За починатото бебе мора да има одговорност, катастрофата во здравството не може се крие

Состојбите во здравството се влошуваат од ден на ден. Алармантно расте бројот на смртните случаи, 20 бебиња почнаа во изминатите 7 месеци, се влошуваат услугите за граѓаните.

Мора да има одговорност за она што се случува, мора да има одговорност за починатите бебиња.

Јавноста е сведок дека има обиди да се заташка последниот случај со смртта на седуммесечно бебе на Клиниката за детски болести, кое било одбиено за хоспитализација, без да се издаде никакво образложение за причините.

Зошто бебето не било примено? Зошто немало специјалист кога го донеле бебето во болница? Кој е одговорен за ова?

Клучното прашање е кого штити Таравари? Себе си? Неговиот кадар Мемеди? Ова е недозволиво.

Министре за здравство Таравари, се работи за деца, ова се трагични бројки, заедно со директорот на Клиниката за детски болести Мемеди, треба излезете и да си поднесете оставки.

Болниците кубурат со основни медицински материјали, листите за чекање се огромни, а новопоставените директори ги заплашуваат здравствените работници за да не зборуваат јавно за проблемите во здравството.

Катастрофата во здравството не може да се крие. Одговорност мора да има!

Европските лидери се собраа во Лондон за зајакнување на поддршката за Украина

B. M.

Руте: Зеленски мора да ги поправи односите со Трамп

B. M.

Напната средба во Белата куќа: Трамп го испрати Зеленски без договор

B. M.

Тензична средба во Белата куќа: Трамп и Ванс во судир со Зеленски за Украина

B. M.

СДСМ бара оставка од Кочоска, министерката одбива да се повлече

B. M.

Трамп до Стармер: Европа треба да преземе поголема одговорност за Украина

B. M.