БалканСвет

Снежна бура во Северна Грција – Училишта затворени

Основните и средните училишта во повеќето општини во северниот дел на Грција денес ќе бидат затворени поради снежната бура која ја зафати регионот во последните денови.

Според дописничката на МИА од Атина, сообраќајот за тешки возила е забранет на одредени патни правци.

Научната комисија за проценка на кризни ситуации при Министерството за климатски промени и цивилна заштита одржа вонреден состанок вчера и препорача забрана на сообраќајот на тешки возила до 14 часот на одредени делници во Северна Грција. Исто така, е задолжително користењето на ланци за автомобилите на патиштата во регионите Епир, Северна Грција, Тракија и западниот дел на Тесалија.

На север, температурите се движат од -4 до 3 степени Целзиусови со обилни снежни врнежи, додека во јужниот дел на континентална Грција паѓа засилен дожд. Наспроти тоа, на островот Крит владее топло време со температури од 18 до 19 степени Целзиусови.

Европските лидери се собраа во Лондон за зајакнување на поддршката за Украина

B. M.

Руте: Зеленски мора да ги поправи односите со Трамп

B. M.

Напната средба во Белата куќа: Трамп го испрати Зеленски без договор

B. M.

Тензична средба во Белата куќа: Трамп и Ванс во судир со Зеленски за Украина

B. M.

Трамп: Украина не може да влезе во НАТО, Европа да ѝ гарантира безбедност

B. M.

Политичка Тензија на Балканот: Србија во Криза, Додик со Забрана за Функции

B. M.