Покрај Швајцарија, Србија исто така изрази намера да биде местото за можна средба помеѓу новиот претседател на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека земјата е заинтересирана за таков настан и може да обезбеди целосна безбедност за двајцата лидери.
Според него, Србија е независна земја, надвор од НАТО и ОДКС.
„Истовремено, ова е земјата каде што претседателот Трамп имаше најголема поддршка во цела Европа. Не постои друга земја што може да се спореди со Србија во однос на нивото на поддршка за претседателот Трамп”, истакна Вучиќ.
Исто така, тој истакна дека Владимир Путин е многу популарен во Србија. „Ова е земја каде што претседателот Путин е уште многу популарен. Затоа сметам дека ова би било идеално место за нивната средба”, додаде Вучиќ.