Свет

Средбата помеѓу Трамп и Путин за решавање на војната во Украина

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, најави дека планира да се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, за да обидат да ја завршат војната во Украина.

Тој истица дека таква средба можеби ќе се случи по неговата инаугурација на 20 јануари.

Иако не специфицираше датум, Трамп изјави дека знае дека Путин би сакал да се сретнат. Исто така, изрази оптимизам дека војната би можела да заврши во рок од шест месеци, а можеби и побрзо.

Под време на предизборната кампања, Трамп постојано истакнуваше неговиот однос со Путин и најавуваше дека може да ја заврши војната во Украина во рок од само 24 часа, но не објасни детално како. Украина веќе три години се бори против руската инвазија, со поддршка од Западот.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето новогодишно обраќање апелираше до Вашингтон да не ја намалува помошта за Украина, поради загриженост дека со промената во администрацијата, помошта би можела да се намали.

Европските лидери се собраа во Лондон за зајакнување на поддршката за Украина

B. M.

Руте: Зеленски мора да ги поправи односите со Трамп

B. M.

Напната средба во Белата куќа: Трамп го испрати Зеленски без договор

B. M.

Тензична средба во Белата куќа: Трамп и Ванс во судир со Зеленски за Украина

B. M.

Трамп: Украина не може да влезе во НАТО, Европа да ѝ гарантира безбедност

B. M.

Подготовки во тек за средба меѓу Трамп и Путин

E K