Свет

Трагедија на Потомак: Губење на најмалку 30 животи при судир на авион и хеликоптер

Вчера вечерта се случи трагедија кога патнички авион со 64 патници се судри со воениот хеликоптер со тројца членови на екипажот во близина на Вашингтон, при обид за слетување на аеродромот „Роналд Реган”.

Според последните информации, од реката Потомак се извлечени повеќе од 30 тела во која паднал авионот.

Нуркачите успешно ја пронајдоа една од двете црни кутии на авионот, но засега нема информации за можни преживеани. Хеликоптерот, кој се смета дека е воен модел Блек Хок, бил пронајден превртен, но главно неоштетен.

Локалните власти продолжуваат со интензивни пребарувања и спасувачки акции во реката, со цел да се пронајдат можни преживеани и да се утврдат причините за оваа трагедија. Ова е една од најтешките воздушни несреќи што се случиле во близина на главниот град на САД во последните години.

Европските лидери се собраа во Лондон за зајакнување на поддршката за Украина

B. M.

Руте: Зеленски мора да ги поправи односите со Трамп

B. M.

Напната средба во Белата куќа: Трамп го испрати Зеленски без договор

B. M.

Тензична средба во Белата куќа: Трамп и Ванс во судир со Зеленски за Украина

B. M.

Трамп: Украина не може да влезе во НАТО, Европа да ѝ гарантира безбедност

B. M.

Подготовки во тек за средба меѓу Трамп и Путин

E K