Претседателот Доналд Трамп преку видео повик за време на економскиот форум во Давос, упати остра критика кон меѓународните трговски партнери, нарекувајќи ја нивната трговска пракса „неправедна“ и навестувајќи воведување на пошироки тарифи за заштита на американската економија.
На Светскиот економски форум во Давос, Трамп изјави дека многу земји го користат САД за свои економски интереси, при што американските работници и компании трпат штета.
„Со години дозволивме другите земји да профитираат на наша сметка, но веќе е време за промени,“ рече Трамп, додавајќи дека ќе воведе дополнителни трговски мерки за заштита на домашното производство.
Тој посочи дека политиките кои ги предлага ќе го зајакнат производството во САД, намалувајќи ја зависноста од увоз. Трамп истакна дека со воведување на новите тарифи, ќе се обезбеди фер трговска размена и подобра позиција за американските производители.
„САД нема повеќе да толерираат неправедни практики. Или ќе работите со нас чесно, или ќе се соочите со последиците,“ додаде Трамп.