Свет

Трамп најави средби со Зеленски и Путин, оптимист за крај на војната

Американскиот претседател Доналд Трамп најави можни средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин во наредните недели.

Оваа изјава доаѓа по неговата средба со францускиот претседател Емануел Макрон во Белата куќа и заедничката прес-конференција. Претходно, двајцата лидери учествуваа во видео-состанок со Г7, по што Трамп изрази оптимизам дека војната во Украина може да заврши наскоро и ја поддржа идејата за испраќање европски мировни трупи.

На прашањето дали Украина треба да се откаже од дел од територијата за мир, Трамп нагласи дека преговорите се во рана фаза и дека процесот е сложен. Тој најави и дека средбите со Зеленски и Путин ќе опфатат теми како мировниот договор и минералните ресурси.

Трамп одби да го нарече Путин „диктатор“ и остана оптимист за потенцијален договор меѓу Русија и Украина. Од друга страна, Макрон истакна дека повторното вклучување на САД создава неизвесност за Путин и дека Франција е подготвена да обезбеди безбедносни гаранции за Украина во клучните преговори.

Европските лидери се собраа во Лондон за зајакнување на поддршката за Украина

B. M.

Руте: Зеленски мора да ги поправи односите со Трамп

B. M.

Напната средба во Белата куќа: Трамп го испрати Зеленски без договор

B. M.

Тензична средба во Белата куќа: Трамп и Ванс во судир со Зеленски за Украина

B. M.

Трамп: Украина не може да влезе во НАТО, Европа да ѝ гарантира безбедност

B. M.

Подготовки во тек за средба меѓу Трамп и Путин

E K