Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека би бил заинтересиран да ја види Русија повторно како дел од Г7, групацијата на најразвиените економии во светот.
Тој нагласи дека исклучувањето на Русија од групата во 2014 година, како последица на анексијата на Крим, било грешка.
„Не е важно дали ми се допаѓа Русија или не, туку фактот дека Путин би бил задоволен од враќањето во Г7“, изјави Трамп.
Исто така, тој додаде дека планира да започне разговори со Русија и Кина за нуклеарно разоружување, бидејќи нема потреба од изградба на нови нуклеарни оружја.
Сè уште нема официјална реакција од Канада, која во моментов претседава со Г7. Во составот на оваа група влегуваат САД, Франција, Обединетото Кралство, Германија, Италија, Јапонија и Канада.