МакедонијаСвет

Властите предупредуваат: Опасен TikTok предизвик со парацетамол може да има фатални последици

Сè уште нема пријавени случаи на труење со парацетамол поради TikTok предизвикот, но здравствените власти предупредуваат за сериозните ризици од ваквите постапки.

Докторот Беќаровски апелира до родителите да ги надгледуваат своите деца пред да се случи некоја трагедија.

Според Беќаровски, труењата со парацетамол спаѓаат меѓу најопасните труења со лекови. Дури и мали дози од 10-15 таблети можат да предизвикаат оштетување на црниот дроб. Поголеми дози од 20-40 таблети можат да доведат до сериозни труења и повреди, додека внесувањето на повеќе од 50 таблети често завршува фатално. Тој истакнува дека, дури и со интензивен медицински третман, овие труења можат да бидат смртоносни.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека сè уште нема информации за пациенти на Клиниката за токсикологија поврзани со овој предизвик. Сепак, тој го нагласи значењето на родителскиот надзор и потребата да се спречат младите од вакви опасни активности.

Во случај на труење, Беќаровски препорачува веднаш да се дадат 10 таблети медицински јаглен и 2 кесички АЦЦ, а потоа веднаш да се побара итна медицинска помош. Тој нагласува дека секоја секунда може да значи разлика меѓу спасен или загубен млад живот.

Пред неколку дена, здравствените власти во Швајцарија исто така издадоа предупредување за ризиците од овој предизвик и ги повикаа аптеките да бидат поопрезни при продажбата на парацетамол на младите.

Европските лидери се собраа во Лондон за зајакнување на поддршката за Украина

B. M.

Руте: Зеленски мора да ги поправи односите со Трамп

B. M.

Напната средба во Белата куќа: Трамп го испрати Зеленски без договор

B. M.

Тензична средба во Белата куќа: Трамп и Ванс во судир со Зеленски за Украина

B. M.

СДСМ бара оставка од Кочоска, министерката одбива да се повлече

B. M.

Трамп: Украина не може да влезе во НАТО, Европа да ѝ гарантира безбедност

B. M.