Политика

ВМРО-ДПМНЕ го спореди Филипче со Ангелот на Смртта во новата реакција од партијата

Подолу ја проследуваме во целост реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:

Филипче е синоним за смрт, во тетовската болница живи му изгореа 14 луѓе, од корона скоро 10.000, а на Онкологија место лек му давале раствор

СДС не бира средства за собирање политички поени, искористувајќи и немили настани за загуба на најмлади животи.

Ако во државата има некој кој што е симбол за смрт во здравството, тоа е токму лидерот на СДС, Венко Филипче.

СДС не треба да заборави дека нивниот лидер долги години беше министер за здравство и ако некој е виновен за состојбите во здравството, тогаш тој е лично Венко Филипче.

Наместо да ги средува состојбите и да ги подобрува условите во здравството, Филипче како министер го интересираа само провизиите од местењето тендери, од лековите за Онкологија кои ги продаваа на црниот пазар а на пациентите им даваа физиолошки раствор, од вакцините за корона вирусот и така натаму.

За време на министерувањето на Филипче со здравство, Македонија беше на врвот на европските и светски листи по смртност. Официјалните податоци покажуваат дека во државата од корона вирусот починале скоро 10 илјади македонски граѓани.

Филипче е министер на кого во државна болница, под негова надлежност, во Тетово живи му изгореа 14 луѓе, а одговорност за тоа како и за сите останати трагични настани, немаше.

Наместо да одговара за сите погоре споменати случаеви, Филипче сега се устоличи во претседател на СДС и продава приказни за морал, играјќи на картата на кратка меморија.

Граѓаните паметат и многу добро знаат кој е најодговорен за состојбите во здравството.

Европските лидери се собраа во Лондон за зајакнување на поддршката за Украина

B. M.

Руте: Зеленски мора да ги поправи односите со Трамп

B. M.

Напната средба во Белата куќа: Трамп го испрати Зеленски без договор

B. M.

Тензична средба во Белата куќа: Трамп и Ванс во судир со Зеленски за Украина

B. M.

СДСМ бара оставка од Кочоска, министерката одбива да се повлече

B. M.

Трамп до Стармер: Европа треба да преземе поголема одговорност за Украина

B. M.