Скопје бил најзагаден град на планетата. Проблемот не е ништо ново, oд опасно преминало во гасна комора, само во последно време од 5-то место се изборил за 1-во. Браво! Барем во нешто да сме први, макар и најлошото да е.
Во текстот се збори за загадување, пензии, политика и како сите 3 се поврзани во 1 проблем = Пари. Ако државата неможе да ви гарантира основни работи како воздух и вода, како може да очекувате дека ќе ви следува и пензија за 30 години? Ако сите млади си отидат, економијата тоне и општеството оди во лоша насока, како може некој да помисли дека нешто ќе се подобри за основните работи за живот?
Како се поврзани работите?
3те партии со години го уништуваат општеството, тоа води кон излив на млади работоспособни и интелектуални луѓе. Економијата со тоа страда, останати се луѓе кои не придонесуваат кон раст на општеството, живеат крај со крај и се греат на гуми, ѓубре, црвена нафта и паркети.
Корупцијата не казнува ни индустриите без филтри, загадувањето се зголемува, уште повеќе луѓе си одат а останатите помалку способни полека умираат. Помалку луѓе се раѓаат од што умираат а децата на иселениците (идните генерации) не се во Македонија.
Пензиите за 330,000 пензионери ги создаваат сегашните вработени луѓе, но бидејќи државата ќе нема млади во иднината, вие ќе немате пензија. Ако воопшто стигнете до пензија, тоа малку што ќе ви даде државата ќе мора го трошите на приватно лекување поради уште поголемото загадување, наместо да уживате во староста.
На кратко, корупцијата го овозможува загадувањето кое брка и убива млади луѓе, од кои економијата, идните пензии и иднината на државата страдаат.
Долгорочни Решенија за проблемот:
Да не гласате меѓу 3 отрови политички корумпирани партии. Можеби ве купиле со работно место, минимална плата и сендвич, можеби ви го испрале мозокот, не знам, но 50% се шансите вие да сте дел од проблемот како еден од 860,000 гласачи.
Додека партиите формално не се обврзат да ги исполнат предизборните ветувања со чисто наведени програми (во спротивно да завршат сите во затвор), се што ќе ветат е лага.
И едните и другите биле на власт во последните 30 години, имале многу можности да поправат се додека биле на власт. Вашето здравје и финансиски проблеми не се нивен приоритет. Друга опција е воопшто да не гласате и да не подржувате квази демократија, избори нема да се важечки ако нема доволна излезеност, но сериозно размислете за следното решение:
Доколку сте млад, Селење во странство е секогаш одлична но тешка опција – Совршен воздух, нормално општество, правда, безбеден сообраќај, поголема плата и помали трошоци од Македонија. Така нема да работите за сегашните 330,000 пензионери, без гаранција дали вие некогаш ќе имате или стигнете до пензија поради болести предизвикани од загадување.
Правецот во кој се движи државата последните 30 години е:
- Младите луѓе масивно се селат, а со селењето се губат и идните даноци, давачки за пензии, идните млади генерации, економски раст и трошење на парите внатре во државата.
- Повеќе луѓе умираат од што се раѓаат.
- Системот е изграден за старите луѓе да имаат бенефити, бидејќи тие се тие што гласаат.
- Ако државата влезе во ЕУ, уште повеќе луѓе ќе си отидат.
- На Пензискиот фонд му фалат над 600 МИЛИОНИ Евра во 2024 год. покриени се со 10-12% од буџетот на државата.
- Работи кои ќе се зголемат во иднина: Старосна граница, даноци, придонеси и трошоци за живеење.
- Кога ќе сте пензионер ќе нема доволно млади луѓе што ќе работат за вие да имате пензија.
Ако воошто стигнете до пензија:
1. Нема да е доволна + Ќе ја трошите на приватно лекување поради загадувањето.
2. Старосната граница ќе мора да се зголеми, тоа значи ќе мора да работите над 70та година.
3. Придонесот за пензиско осигурување ќе мора да поскапи од 18.80% до над 29%
4. Даноците ќе мораат да поскапат над 20% доколку не се накачи старосната граница и придонесите.
5. Парите наместо за патувања и убави спомени со семејството, ќе си ги трошите за лекување приватно од болести предизвикани од загадувањето.
Останато
1. Доколку идеалите, финансиите или приврзаноста не ви дозволуваат напуштање на државата, тогаш – Активизам и Протести, активно борете се подобро утро.
2. Ако финансиите ви дозволуваат, не се плашите од корупцијата и не ви е до селење, тужете ја државата, законски ви е дозволено да го направите тоа.
Краткорочни Решенија за Загадување:
- Прочистувач за воздух со HEPA13 Филтри . Внимание: Повеќето прочистувачи лажат за типот на филтер и го рекламираат како
“TrueHepa” - Маска за лице KN95 или маска со активен филтер. Болнички плави / обични маски не помагаат.
- Редовно менување филтри за воздух во автомобил.
- Пријавувајте загадувачи
- Релокација во населби со помало загадување
Сликата е направена во стан во 2020та година во Скопје, населба Кисела Вода со само едно кратко отворање на прозор.
Никој нема да ви го врати изгубеното времето назад. Премногу факти и минатото укажуваат дека патот е тој, треба чудо и паметни некорумпирани луѓе да ја оправат државата. За вашето здравје се работи, вашите деца и родители. Ако ви значат и го сфаќате сериозно, ќе сторите нешто околу тоа, секогаш има можности, пробајте живеење во село или надвор од градовите или селење во странство.