Македонија

Запленети 188 килограми марихуана на „Богородица“, уапсени двајца возачи

Во координирана акција на Царинската управа и Бирото за јавна безбедност, на граничниот премин „Богородица“ беа запленети 188,6 килограми марихуана, со што беше спречен меѓународен шверц на дрога.

Според официјалните информации, двајца возачи, едниот од Тетово, а другиот од Куманово, се приведени и против нив е поднесена кривична пријава. Истражните органи утврдија дека камионот, кој бил натоварен со компресирана рециклирана хартија, влегол во земјата од Косово на 8 февруари, а на 9 февруари е пренасочен кон „Богородица“. Дрогата била откриена при детална контрола, скриена во четири бали хартија.

Според проценките, вредноста на запленетата дрога на црниот пазар изнесува 707 илјади евра. Акцијата е дел од поширока стратегија за сузбивање на организираниот криминал, а истрагата продолжува со цел разоткривање на целиот синџир на шверцот.

СДСМ бара оставка од Кочоска, министерката одбива да се повлече

B. M.

Казната за насилството врз кучето Феликс треба да биде затворска

E K

Мицкоски: Македонија Целосно Усогласена со Надворешната Политика на ЕУ

B. M.

Политичка Препирка Околу Меџити: СДСМ со Обвинувања, Владата со Негирање

B. M.

Рекордна акција за донирање крв во Хотел „Фламинго”

A3 Редакција

Нов закон за поголема транспарентност на цените во трговијата

E K